Придружете ни се, помогнете да се обликува Европскиот ден на авторите #ЧитајЗаВистински низ Европа со вашите активности.
Нема никој подобар за заедницата од ангажиран член. Затоа, повелете и организирајте настан! Средби со автор, илустратор, преведувач; работилница, мистериозна игра, забава во костими помеѓу 11ти ноември и 12ти декември како дел од Европскиот ден на авторите под знамето #ЧитајЗаВистински – сѐ ќе биде одлично. Погледнете ги материјалите што ги обезбедуваме, слободно користете ги и споделете ги со вашата заедница.
Споделете што организирате на вашите профили и означете @read.forreal за да можеме да ги лајкнеме и споделиме вашите објави. Не заборавајте да ги користите хаштаговите!
#ReadForReal
#ReadForEurope
#ReadWithEurope
Најдете го вашиот центар
Ова е мапа на места каде што можете да добиете поддршка.
Најдете ја институцијата која е центар на проектот Европски ден на авторите #ЧитајЗаВистински во вашата земја, побарајте пакет за добредојде со печатени материјали и добијте стручна помош на вашиот мајчин јазик.
Преземете и забавувајте се
Секој може да се приклучи – #ЧитајЗаВистински е отворен за сите. Широк спектар на корисни материјали се достапни бесплатно. Преземете ги и користете ги!