Срдечно ги покануваме издавачите да се приклучат на прославите за #EuropeanAuthorsDay #ReadForReal. #GoodBook е #GoodGift, нашата визија е да создадеме можност и да ја промовираме идејата за купување книга како подарок: не стануваме читатели ако немаме книги дома!
Организирај настан со некој од твоите автори или илустратори во периодот од 11-ти ноември до 12-ти декември за да го прославиш #EuropeanAuthorsDay, користи ја визуелната идентификација за да покажеш дека заедно го создаваме #EuropeanAuthorsDay #ReadForReal. Логото на акцијата, постерот и повеќе ќе најдеш во материјалите за преземање.
Преземете и користете
Преземете ги и користете ги споделените материјали, објавувајте на вашите социјални медиуми околу #ЕвропскиДенНаАвтори #ЧитајЗаНавистина.
Најди ја институцијата која е центар на проектот #EuropeanAuthorsDay #ReadForReal во твојата земја и побарај пакет за добредојде со печатени материјали.
Креативноста е правило
Организирај средби со автори, но и работилници за креативно пишување или илустрација, или едноставно „обични“ читања на глас. Користи #EuropeanAuthorsDay #ReadForReal. Нашата амбиција е заедно да создадеме голема меѓународна прослава, што ќе се одрази со поголема продажба на крајот од годината. Би ни било чест доколку одлучиш да ни се придружиш за да постигнеме повеќе заедно.
Отворена покана
Поканата е отворена, секој може да се приклучи. Пополнете го формуларот за регистрација на дното на оваа веб-страница.
Ќе споделуваме инспиративни фотографии, лични приказни и клучни новости на нашите социјални медиуми – останете во тек и не заборавајте да нѐ следите на: