Срдечно ги покануваме книжарите да се приклучат на
#EuropeanAuthorsDay #ReadForReal прославите. #GoodBook е #GoodGift, нашата визија е да создадеме можност и да ја промовираме идејата за купување книга како подарок: не стануваме читатели ако немаме книги дома!
Организирај средба со автор во твојата книжарница во периодот од 11-ти ноември до 12-ти декември за да го прославиш Денот на европските автори, користи ја визуелната идентификација за да покажеш дека заедно ги создаваме #EuropeanAuthorsDay #ReadForReal. Користи го брендирањето за да ги истакнеш европските книги на твоите полици и маси. Логото на акцијата, постерот и повеќе ќе најдеш во материјалите за преземање.
Преземете и користете
Преземи ги и користи ги споделените материјали, објавувај на твоите социјални мрежи околу Денот на европските автори.
Најди ја институцијата која е центар на проектот #EuropeanAuthorsDay #ReadForReal во твојата земја и побарај пакет за добредојде со печатени материјали.
Креативноста е правило
Организирај средби со автори, но и работилници за креативно пишување или илустрација, или едноставно „обични“ читања на глас. Не е секогаш можно да се покани автор или творец. Сепак приклучи се. Размисли за автор за следниот пат! Користи го #EuropeanAuthorsDay #ReadForReal за да ги поканиш купувачите во твојата книжарница за време на сезоната за купување подароци на крајот од годината. Нашата амбиција е заедно да создадеме голема меѓународна прослава, што ќе резултира со поголема продажба на крајот од годината. Би ни било чест доколку одлучиш да ни се придружиш за да постигнеме повеќе заедно.
Отворена покана
Поканата е отворена, секој може да се приклучи. Пополнете го формуларот за регистрација на дното на оваа веб-страница.
Ќе споделуваме инспиративни фотографии, лични приказни и клучни новости на нашите социјални медиуми – останете во тек и не заборавајте да нѐ следите на: