Топло ги покануваме издавачите да се приклучат на прославите на Европскиот ден на авторите #ЧитајЗаВистински. Една #ДобраКнига е #ДобарПодарок, нашата визија е да создадеме можност и да ја промовираме идејата за купување книга како подарок: не стануваме читатели ако немаме книги дома!
Организирајте настан со еден од вашите автори или илустратори во периодот од 11ти ноември – 12ти декември за да го прославите Европскиот ден на авторите, користете визуелна идентификација за да покажете дека заеднички креирате #ЧитајЗаВистински. Ќе го најдете логото на акцијата, постерот и повеќе во материјалите за преземање.
Преземете и користете
Преземете ги и користете ги споделените материјали, објавувајте на вашите социјални мрежи околу Европскиот ден на авторите #ЧитајЗаВистински
Најдете ја институцијата која е центар на проектот Европски ден на авторите #ЧитајЗаВистински во вашата земја и побарајте пакет за добредојде со печатени материјали.
Креативноста е правило
Организирајте средби со автори, но и креативни работилници за пишување или илустрација, или само „обични“ читања на глас. Користете #ЧитајЗаВистински. Наша амбиција е заедно да создадеме голема меѓународна прослава, која на крајот на годината ќе се претвори во поголема продажба. Ќе ни биде чест ако одлучите да ни се придружите за да постигнеме повеќе заедно.
Отворена покана
Поканата е отворена, секој може да се приклучи. Пополнете го формуларот за регистрација на дното на оваа веб-страница.
Ќе споделуваме инспиративни фотографии, лични приказни и клучни новости на нашите социјални медиуми – останете во тек и не заборавајте да нѐ следите на: